14 Начини Како Да Ја Надминете Депресијата (Природен Лек)

Депресијата претставува сериозен медицински случај кој бара нега од професионалец. Ако верувате дека патите од депресија конктакирајте го вашиот доктор. Иако мислењата доле во оваа статија се базирани на детално истражување и поддржани со наука тие се се само од информативен карактер.

Секој од нас вели дека емоциите доаѓаат од срцето, науката пак има друго објаснување, емоциите доаѓаат од мозокот. Кога зборуваме за депресијата поточно, се работи за деловите од мозокот кои го регулираат нашето расположение.

Секојдневно се прават нови истражувања за тоа како функционира мозокот, поврзаноста на нервите, и како тие комплексни нервни мрежи комуницираат и влијаат токму на депресијата. Сепак науката има долг пат пред себе бидејќи се работи за премногу сложен систем.

Доле ќе ги пронајдете сите работи поврзани со депресијата, кои се симптомите и знаците, кои фактори ја предизвикуваат, и конечно како да ја надминете и победите депресијата. Некои се контроверзни некои се потврдени, но сепак сите се вклучени.

Да почнеме.

Основни факти за депресијата

Накратко депресијата се дефинира како болест на мозокот и стадиум на умот.

Според последните истражувања направени во САД секој десетти човек се соочува со депресија (околу 18 милиони луѓе годишно). Депресијата е исто така главната причина за самоубиствата во Америка (околу 40.000 луѓе годишно ги одземаат своите животи). Или секоја 13 минута еден човек врши самоубиство поради депресија во САД. Во светот пак, луѓето кои патат од депресија е огромен и изнесува 300 милиони.

Депресијата е почеста кај жените отколку кај мажите. Точните причини за депресијата сеуште не се познати, и се дефинира како комбинација од генетски, биолошки и социјални фактори, како и искуства, средина и опкружување.

Тагата и депресијата НЕ се една иста работа

Нормално е да се чувствувате тажни. Секој ден читаме и слушаме тажни приказни или доживуваме работи кои не прават тажни, мегутоа тагата доаѓа и си оди. Тоа е нормално кај секој од нас. Но доколку тагата е постојано присутна тогаш сме во сериозен проблем, и тој проблем може да стане опасен и да премине во депресија.

Како да ја надминете депресијата?

Депресијата доаѓа во разни нијанси на сиво, но воглавно бара драстични промени на животниот стил, постепено подобрување во разни сфери, почнувајќи од колку и како спиеме, што јадеме, зголемена физичка активност, намалување на стресни ситуации, позитивни мисли, опкруженост, разбирање и подршка од блиските лица и сл.

Иако во поголемиот дел од случаи неминовна е работа со специјалист, без самоиницијатива, мотив, голема упорност и решителност за промена, патот знае да е многу тежок.

Но сепак, има илјадници случаи на луѓе кои сами успеале да излезат од темницата и да се вратат појаки од било кога.

Затоа не очајувајте.

Еве 14 начини како да ги превземете работите во свои раце и да ја победите депресијата

1. Едуцирајте се. Живееме во дигитално време кога се ни е достапно со еден клик на глушецот или мобилниот телефон. Постојат огромен број на ресурси на интернет од авторитетни извори кои ја опфаќаат оваа тема во детали. Еве неколку:

https://www.everydayhealth.com/depression/guide/resources/
https://www.webmd.com/depression/guide/depression-resources#1
https://www.healthcentral.com/article/top-ten-resources-for-people-suffering-from-depression
https://www.healthline.com/health/depression/best-blogs-of-the-year#3

2. Подобрете го сонот. Почнете со малите работи како спиењето. Трудете се да спиете најмалку 8 саати во денот.

3. Вежбајте. После добриот сон, енергијата се враќа. Зошто да не го искористите денот и да пробате со едноставни вежби и полека да напредувате? Постојат преголем број студии кои потврдуваат дека вежбањето е еден од најдобрите начини како да го подобрите расположенитето и да ги разбудите мозокот и телото.

4. Бодрете се. Секој мал чекор напред е ОГРОМЕН успех за вас. На секоја негативна мисла пробајте да најдете една позитивна. Ако го правите ова почесто и ви стане ритуал, ке приметите шаблон и ќе успеете да ги контролирате негативните мисли.

5. Водете евиденција. Доколку имате проблем да се отворите и да разговарате отворено со некој близок запишувајте си ги мислите и чувствата во нотес и на крајот на неделата направете една ревизија. Водете евиденција што како и зошто предизвикало позитивна или негативна емоција кај вас.

6. Влезете во рутина. Доколку немате план и рутина до која ке се држите ке завршите разочарани. Без разлика на околностите направете си дневен план и држете се до него. Планот нека е едноставен.

7. Поставете си цели. Ако не знаете каде одиме, нема да знаете ни како да стигнете таму. Поставете си три месечен план. Скршете го на месечен, неделен, и дневен. Секоја недела нека ви претставува една цел. Се на се тоа се 12 цели што треба да си ги поставите. После 3 месеци видете кај сте слаби а каде јаки, и пробајте да се удаптирате.

8. Превземете обврски. Иако ова изгледа како последното нешто што го сакате, со малку волја тоа може да е вашето тајно оружје како да ја подебите депресијата со контра удар.

9. Правете нешто ново. Може да е секој ден или еднаш во неделата, се додека се трудите ке напредувате. Еве 96 работи што може да ги правите кога ви е досадно.

10. Направете нешто забавно. Имате право на забава без разлика на вашата состојба, грижа на совест или вина. Светот и проблемите може да почекаат.

11. Гледајте само смешни филмови или клипови. Интернетот е полн со смешни видеа, шеги и филмови под жанрот на комедија. Сигурно имате омилени видеа кои секогаш знаат да ве насмеат.

12. Играјте. Децата и кучињата секогаш знаат како да си играат. Никогаш не е доцна да им се придружите или да пробате некоја стара или нова друштвена игра.

13. Почнете хоби. Немате идеја кое хоби? Еве листа на 150 хоби идеи

https://hobbylark.com/misc/How-to-Choose-a-Hobby

14. Јадете здраво. Иако изгледа како генерален совет, за жал премногу луѓе ко сфаќаат истиот здраво за готово. Правилната исхрана влијае на секоја клетка, ткиво и орган. Доколку се храните нездраво, само ја храните депресијата.

Знаци и Симптоми на Депресија

Депресијата може да се манифестира преку различни симптоми, но овие се најчестите и присутни кај повеќето…

Депресивно расположение. Чувство на празнина, премореност и беспомошност.

Губење на интерес. Тука спаѓаат сите оние активности во кои претходно сте уживале и ве исполнувале.

Промени во телесната тежина. Се манифестира со неконтролирано јадење, или пак губење апетит и неродовно јадење.

Чувство на вина. Иако е нормално да чувствуваме вина за некои наши постапки или одлуки, постојано присуство на вина, чувство дека сте голем губитник или бескорисен може да е знак на депресија.

Сон. Несоница, немирно спиење или пак претерано лежење и спиење е еден од честите симптоми.

Концентрација. Честото губење на концентрација, заборавање или проблеми со донесување на секојдневни одлуки се смета исто како еден од симптомите на депресија.

Успореност. Проблеми и замор во говорот, успорени моторни функции и летаргичност.

Негативност. Негативните црни мисли, недоверба во самите себе, тензичност и честа промена на расположение е уште еден пример.

Загриженост. Кај помладите еден знак може да биде попуштање во училиштето, чувство дека никој не ги разбира, преголема осетливост, намалена социјална интеракција. Секако дел е ова е нормално однесување во тинејџерските години и нема потреба за грижа.

Физички Болки. Иако неможеме со сигурност да ја потврдиме причината за болката, во одредени случаи самата депресија и состојбата на умот може да предизвика глаболки или изненадни болки во грбот.

Секс. Намалена желба за интимни односи.

Мисли. Последниот и најсериозен и очигледен симптом се самоубиствени мисли, обидите за самоубиство, или нанесување на физичка болка на самите себе

Фактори и причини кои придонесуваат за појава на Депресијата

Животни настани. Тргнувајќи од средината во која живееме, фамилијарни проблеми, кругот на пријатели, финансиски и здравствени проблеми, преголема изложеност на стрес итн.

Карактерот. Многу фактори влијаат на карактерот и како ке се оформиме како личност, но најосетливе се сепак оние луѓе кои доживеле големи трауми во животот.

Генетика. Колку и да се трудиме да го игнорираме овој фактор постојат многу научни докажувања не само поврзани со физички болести што ги наследуваме, туку и со ментални, вкучивајќи ја и депресијата.

Трауми од детството. Секако ова е еден од најголемите причинители за развивање на понатамошна депресија во животот.

Лекови. Иако сите сме научени и при најмала настинка веднаш да се наклукаме со апчиња, стероидните лекови вклучивајќи ги кортикостероидите и бета блокерите можат да предизвикаат пореметување на целиот наш систем.

Алколох и лесна дрога. Содржат токсини и штетни материи кои ги уништуваат нашите мозочни клекти и во науката се директно поврзани како едни од причинители на депресијата.

Хронични болести. Тука спагаат дијабетисот, хроничниот бронхит и срцевите заболувања. Честото земање лекови заедно со хроничните болести се сметаат за 10-15% главни причинители за депресија. Иако процентот можеби изгледа мал, во реалност тоа значи секој 10 човек страда од депресија поради предозираност со лекарства.

Повреда на главата. Некогаш причината може да е токму повреда на главата во минатото на која тотално сме заборавиле.

Типови на Депресија

Постојат многу видови на депресија, најчесто се споменуваат 6 типа на депресија и тоа се униполарна и биполарна, голема или главна депресија, постојано депресивно нарушување, предменструално нарушување и депресивно нарушување поради болест. Ако сакате подетално да прочитате за секоја еве линк.

Финални зборови

Без разлика кој пат ќе го изберете не подлегнувајте на медиумските препораки и трендот (најчесто присутни во САД) во стилот на “Во ред е да бидеш во Депресија“ или “Прифатете ја депресијата“, туку напротив колку и да звучи сурово – Не е во ред, и никогаш нема да биде во ред! Борете се, победете ја, и продолжите да чекорите напред.

Пробајте некои од препораките горе и пратете ни коментар.

За останатите – Која е вашата порака до луѓето кои се соочуваат со депресијата?

Може исто да ве интересира:

42 Начини Како Да Се Ослободите Од Стресот

Како Да Ја Победите Анксиозноста (Причини Симптоми и Третман)

In Category: Психологија

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment