Зошто Прдиме (Причини Факти Занимливости и Решение)

Прдењето колку и да е смешно многу пати знае да биде и непријатно па дури и напорно. Сепак тоа е природна појава која на сите ни се случува и нема начин како да ја избегнеме.

Ниту мажите, ниту пак жените.

Сепак постојат одредени методи како да го намалиме “производството“ на гасови во нашиот стомак и да сме повеќе релаксирани.

Во продолжение ќе објасниме зошто прдиме, како настанува прдењето, зошто некои луѓе прдат почесто од другите, како помалку да прдиме, а и ќе споменеме некои интересни факти за прдежот (или гасот).

Зошто прдиме?

Прдењето се случува всушност поради заробен воздух односно гас кој се создава поради различни причини. Ако сакате научно објаснување, прдежот се состои од овие компоненти: околу 60% азот, 20% водород, 9% јаглерод диоксид, 7% метан и 4% кислород.

Еве неколку причини како прдежот настанува:

  • Проголтан воздух додека сме појадувале или пиеле нешто
  • Поради зголемено ниво на бактерии во цревата која предизвикуваат хемиска реакција
  • Јагленохидрати кои не се доволно сварени
  • Нашето тело не може да апсорбира одредени нутриенти
  • Проблеми со здравјето

Некои од овие гасови ги апсорбира нашето тело додека па другите мора да излезат од некаде.

Зошто прдиме често?

Ова се разликува од човек до човек, но во главно најголемата причина е храната. Одредени намирници имаат поголема тенденција да предизвикаат гасови во нашиот стомак. Како на пример, брокулите, зелката, карфиолот, храната богата со лактоза (за интолерантните), јаткастите плодови, јајцата, аспарагусот, гравот, леќата и сета храна богата со фибер влакна. Други причинители на честите гасови се хормонални пореметувања, стресот, запекот, бременоста, пушењето, стареењето, или пак одредени здравствени проблеми.

Зошто понекогаш прдежот премногу лошо мириса (или смрди)?

Причината зошто прдежот лошо мириса е поради супстанцата наречена водород сулфид, позната како мирис на “расипано јајце“. Таа се создава кога бактериите во стомакот прават хемиски соединенија од обичните хемикалии кои всушност не мирисаат.

Интересни факти за прдењето

  • Дури 99% од гасовите не смрдат
  • Луѓето во просек прдат околу 14-20 пати дневно
  •  Не можете да го “чувате“ и да го снема, мора да го “испуштите“
  • Во еден ден можеме да наполниме цел балон со гас
  • Прдежот излегува со околу 11 километри на час
  • Постојат апчиња кои можат да направат вашиот прдеж да мириса на роза или чоколадо
  • Постојат луѓе кои заработуваат пари со прдење
  • Кучињата го сакаат мирисот на прдежот
  • Додека летаме со авион почесто прдиме поради притисок
  • Постои племе во Јужна Америка наречено Јаномани кое се поздравува со прдење.

Како да прдите помалку?

  • Јадете помалку и побавно.
  • Намалете со јагленохидратите
  • Помалку шеќер и скроб
  • Земете пробиотик
  • Проверете на која храна сте интолерантни
  • Пијте вода помеѓу оброците
  • Внесете повеќе магнезиум

Финални Зборови

Се надеваме дека научивте нешто ново и прднете ни по еднаш во коментарите да се насмееме.

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment