21 Начин Како Да Го Освоите Машкото Срце (и Да Бидете Магнет)

Секој маж е различен, го привлекуваат различни девојки, го импресионираат одредени работи, некои се послаби на убавите девојки, некои на забавните, а други пак не се многу пребирливи.

Карактеристики кои што најмногу импресионираат покрај убавината и прави некои девојки да се издвојуваат од другите се позитивност, харизма и уникатност.

Буквално овие девојки се магнети. Освен наведените, кои се нивните тајни според психологијата?

На жалост, тајните за освојувањето на машкото срце не се баш јасни, и не постојат пишани правила кои гарантираат успех и можете да ги штиклирате и да преминете на следната точка.

Но, постојат работи кои според науката, психологијата, биолошките потреби и искуствата на специјалистите во оваа област се заеднички за повеќето.

Погледнете ја нашата листа од 21 начин како да го освоите машкото срце:

 

Бидете насмеани. Ниедно машко нема да обврне внимание на намуртени и нерасположени девојки. Смеењето секогаш привлекува внимание и љубопитност кај мажите. Насмевката праќа сигнал до мозокот, го подига расположението и секогаш е добредојдена.

 

Биди тоа што си. Никој не сака глумици. Добро мажите сакаат, ама само на филмовите, во реалноста ништо не изгледа полошо од девојка што се труди да биде нешто што не е. Нема потреба од фарса и вештачки реакции, бидете тоа што сте, и барајте некој што ќе ве прифати како таква. Мажите ги ценат искрените девојки.

 

Погледнете го во очите потоа погледнете на друга страна.  Ова може да се рече дека е Лекција за флертување под реден број 1, или може да се категоризира како “основи на флертување“. Еден поглед може да раскаже цела приказна. Но еден контакт со очите, па поглед настрана може да ја остави вашата симпатија со многу прашалници над својата глава.

 

Побарајте помош од него. Ова е малку итра стратегија, но понекогаш мажите сакаат да одговараат на прашања кои ги прават да изгледаат паметно, па можеби да ја пробате и оваа стратегија во пракса. Прашајте го нешто или побарајте помош за некој проблем.

 

Играјте си со вашата коса. Трик стар 100 години, долгата коса кај жените секогаш е најсилниот адут. Освен во времето на Неандерталците, рок музиката, и хипиците кога сите биле со долги коси. Тогаш дури и жените имале страшна конкуренција. 🙂 Шегата на страна, добро е познато дека мажите знаат да останат со отворена уста кога ќе погледнат некоја девојка како знае да предизвикува со својата коса.

 

Бидете секси. Бум го кажав. Сепак се си има граница, не сте на натпревар по бикини, но не сте ни калуѓерка, најдете средина.

 

Не се облекувајте поради вашите другарки. Не значи да се облекувате како што се облекувале во 80тите, иако мораме да признаеме дека и тој аутфит изгледа кул, но сепак не заборавајте – повеќето мажи не ја пратат модата или последните трендови. Некогаш класичното е тоа што повеќе ги привлекува. Затоа не забегувајте со штикли од 25 цм спремни да забиете на натпревар во кошарка. Суптилниот начин е во ред. Дознајте ја неговата омилена серија или филм, можеби тука се крие некоја тајна.

 

Адаптирајте се на секоја ситуација. За некои е многу тешко да се снајдат во нова или непријатна ситуација на која не се навикнати. Дури и да не сте голем фан на фудбалот или спортот, сепак можете да направите исклучок и да се прилагодите на атмосферата. Мажите сакаат девојки со кој можат да делат се и кои ги разбираат.

 

Кажете му благодарам. Верувале или не многу мажи се принципиелни и се навредуваат кога нема да им се заблагодарите. Овој факт е потврден од сопственичка на позната компанија за online запознавање. Дури и ако ви се случило да заборавите во тој момент, никогаш не е доцна да ја дигнете слушалката да му се јавите и да му се заблагодарите “со задоцнување“. Веднаш ќе ве гледа со други очи, а покрај тоа да кажете фала е потврда дека сте културна личност.

 

Шминка да или не. Шминката е една од најпрепознатливите особини кај жените и повеќето воопшто не ни излегуваат без шминка. Меѓутоа, не заборавајте има и мажи кои повеќе го преферираат природниот изглед. Доколку има што да покажете, зошто да тоа да го криете позади 2 килограми пудра? Секако, ова е нешто што вие самите треба да го увидите.

 

Парфемот. Парфемот е еден од најјаките оружја и доколку по некоја случајност тој парфем вашата симпатија го осети на друго место, ќе се потсети на вас.

 

Предизвикувајте го. Сите сакаат предизвици и провокации, се додека се во границите на нормалата. Ставете го на тест малку и направете ја ситуацијата занимлива. Не бидете сноб.

 

Говорот на телото е важен. Како што жените имаат развиени “женски сетила“, така и мажите имаат свои тајни. Поготово кога зборуваме за говорот на вашето тело. Некои мажи се способни да ги препознаат и најмалите сигнали кои ги праќа вашето тело. Како се движите, како говорите, како ги држите рамениците, како се вртите итн. Бидете женствени и збунете го.

 

Држете го расположението на ниво. Мажите ги наоѓаат позитивните девојки по привлечни, ги чувствуваат позитивните вибрации и поголеми се шансите да преземат чекор.

 

Бидете сигурна. Самодовербата е особина што ги отвара сите врати. Изгледајте барем сигурна однадвор, никој не знае дека се трепери внатре во вас освен вие самите. Машкото срце е слабо на девојките кои се полни со самодоверба, и понекогаш и тие се чувствуваат несигурно, без разлика дали му се допаѓате или не.

 

Состанок кога е убаво времето. Убавото топло сончево време го зголемува ендорфинот кој не прави среќни. Иако многу романтични состаноци се случуваат баш на врнежливо и никакво време, сепак вреди да се послушаат некогаш и научниците.

 

Оставете добар прв впечаток. Многу луѓе судат од првиот впечаток и многу често грешат, но сепак, имате само еден “прв впечаток“ пред него, направете да вреди.

 

Флертувајте. Општо познато, генерално правило и ништо ново, нели? Но сепак, флертувањето е тоа на кое сите мажи паѓаат, се додека имате контрола над него и не се избламирате. Но што е најлошото што може да се случи? Ако добиете негативен одговор, не е ништо изгубено, има и други тактики во игра. Битно е да сте упорни и да не се откажувате, се додека вреди нормално.

 

Бидете интересни и забавни. Мажите секогаш сакаат интересни девојки, на жалост тоа нешто е повеќе вродена особина отколку што се учи, но секако барем не сакате да бидете здодевна, тензична и напорна. Мажите бегаат од таквите девојки, барем повеќето. Не бидете негативната девојка.

 

Повторувајте ги неговите движења. Колку и да звучи чудно постои научна студија која тврди дека доколку повторувате нечии гестови и движења, ќе го зголемите интересот кај таа личност. Секако ова не значи да претерувате и да изгледате глупаво, туку во некоја одредена ситуација да изреагирате слично.

 

Секогаш одете лево од него. Според научниците вашата лева страна е поврзана со десниот мозок кој е одговорен за убавината и емоциите. Така кога ќе му зборувате на левото уво тоа потсвесно доаѓа до десниот дел од мозокот и стимулира одредени емоции. Смешно, но вистинито.

 

Финални Зборови

Која е вашето тајно оружје за освојување на машкото срце? Што би додале на листата?

In Category: Психологија

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment