Што Е Интелигенција А Што Коефициент На Интелигенција (IQ)?

Има ралични мислења за тоа што е интелигенција.

Сепак изгледа дека во основа голем дел од истражувачите се сложуваат дека интелигенцијата претставува способност за снаоѓање во непознати, нови ситуации и околности.

Дали е тоа способност за имагинација, предвидување?

Според Albert Einstein интелигенцијата значи способност за имагинација.

Тој вели дека имагинацијата е позначајна од знаењето. Знаењето е ограничено. Имагинацијата го движи светот.

Einstein кажува дека генијалноста има свои граници. Тоа е разликата меѓу генијалноста и глупоста.

Но како се мерат интелигенцијата и границите на генијалноста?

И дали е можно да се измерат?

Дали IQ (коефициентот на интелигенција) е мерило на интелигенцијата?

Коефициентот на интелигенција како мерило на интелигенцијата е всушност резултат од испит по интелигенција базиран на стандардни тестови на МЕНСА.

Што е МЕНСА?

МЕНСА е непрофитна органиација основана на 1-ви Октомври 1946 година.

Како МЕНСА Интернационал со седиште во Велика Британија има мрежа низ целиот свет и брои околу 134 000 членови кои ги исполнуваат условите и ги поминале нејзините стандардизирани тестови на интелигенција.

Прифатено е коефициентот на интелигенција да се претставува и мери како однос помеѓу психичката возраст на личноста (поделена со) и возраста мерена календарски во месеци и тоа помножено со 100.

Ако сте например на возраст од 30 години и исто толку 30 години  ви е психичката вораст, тогаш коефициентот на интелигенција (IQ-Inteligentiae Quotient) ви изнесува 100 а се пресметува според образецот:

IQ= (психичката возраст/возраст по календарот) Х 100

Или,според примерот:  IQ=(30/30) х 100=1х100=100

Овој коефициент од 100 се смета дека го имаат просечно интелигентни луѓе.

Кој е Најинтелигентниот Човек на Светот?

Дали Lydia Sebastian е поинтелигентна од Albert Einstein и од Stephen Hawking?

Која е Lydia Sebastian? За неа пишуваат медиумите како за супер чудо од дете!

Таа има сам 12 години.

Кој е резултатот на MENSA IQ тестот кој го постигна ова девојче од Essex?

Таа постигна неверојатен резултат од 162.

Постојат примери дека и други нејзини врсници, па и помлади од неа го постигнале овој резултат.

Коефициентот на интелигенција(IQ) на Einstein и на Hawking се смета дека е 160.

Дали тогаш Lydia Sebastian (и други деца на нејзини години и помлади) е поинтелигентна од Albert Einstein и од Stephen Hawking?

Ако имате 12 години, тогаш за да имате коефициент на интелигенција 162, каков што има Lydia Sebastian произлегува дека  психичката возраст (зрелост) треба да ви е 19,4 години што би значело да имате психичка зрелост како некој просечен студент што има 19,4 години и е на втора година студии на факултет.

Што всушност се крие позади тоа?

Сигурно не значи дека Albert Einstein бил на почетокот на втора година студии затоа што има коефициент 160 (патем речено има од некои автори и оспорување дека има точно толкав коефициент).

Всушност, во зависност од прашањата на тестот ова 12 годишно девојче можело да има резултат како и други нејзини врсници (или помали деца), на пример 60, 80, 100, 140, 180 па и повеќе.

Зошто е тоа така?

Ќе се обидеме накратко да го објасниме тоа.

Пред се, затоа што пресметката е математичка, по формула.

Ако 7 годишно дете надарено по математика на тестот за интелигенција (да речеме претежно биле задачи со бројки кои успешно ги решил) покажал дека има ментална возраст како едно просечно 10 годишно дете, тогаш коефициентот на интелигенција би му бил околу 143 и автоматски е супер кандидат за член на МЕНСА, затоа што со коефициент околу 130-131 (според некои тестови до 148) веќе ги исполнува условите за тоа.

Па така, според оваква неточна логика, Stephen Hawking на неговата 70 годишна возраст, согласно коефициентот 160 би требало да има ментална возраст 112 години?

А сите знаат дека со тек на годините способностите на човекот опаѓаат.

Јасно е дека станува збор за тестови кои психолозите ги прилагодуваат точно за одредена возраст, пол, популација, регион и слично.

Па затоа не е ништо чудно кога споредувате деца на одредена возраст резултатите да исфрлат на површина високи коефициенти во рамки на дадената група, но тие не би требало воопшто да се споредуваат со други старосни групи, а најмалку пак со Hawking, Einstein, Tesla (кој според некои има коеициент од 180-220) и други.

Кој има Највисок IQ на сите времиња?

Според некои извори највисок коефициент на интелигенција  (повисок за 50-100 од Einstein) имал William James Sidis американец од еврејско потекло, највисок забележан за сите времиња и имал помеѓу 250-300. Во негово време МЕНСА не постоела.

Дали е точно дека Albert Einstein и Stephen Hawking имаат IQ=160?

Не е познато дали воопшто некогаш Albert Einstein  и Stephen Hawking се подложиле на тест за интелигенција на МЕНСА или други тестови. Официјално нема потврда за такво нешто.

Денес има многу ралични тестови за интелигенција (Американска Менса и други) кои имаат раличен пристап и методи.

Но, како и да е, понекогаш се чини дека сакаме да го измериме и споредиме тоа што не може да се измери и спореди. Или така само медиумите даваат сензационалност и погрешно толкување.

Постојат разлики во мислењата за тоа дали интелигенцијата е само наследна или влијаат и други фактори, дали се зголемува до рамките кои ги дозволува генетската предиспозиција, или не, колку е зависна од личниот начин на живот, средината, здравјето.

Некои генетски истражувања покажаа дека една од причините за интелигенција е наследниот фактор, генетско наследство од родителите. Според некои 50% е влијание од наследниот фактор.

Истражувани се повеќе соодноси и корелации во врска со интелигенцијата.

Подолу даваме некои  примери за тоа, а вие сварете си кафе и додека пиете рамислувајте и донесете си свои заклучоци за следното:

  • Поинтелигентните луѓе имаат оформени посиметрични уши од другите. Слободно погледајте во огледалото. Сепак не ја напуштајте партнерот/партнерката ако има клемпави уши. Тие немаат никаква врска ниту корелација со интелигенцијата.

 

  • И паметните луѓе можат да бидат “глупави” за некои работи, на пример на пазар снаодливите продавачи со итрина им подметнуваат неквалитетни производи. Затоа не ги пуштајте сами да пазаруваат. Или пак, да земеме пример случај на познат доктор, додека се облекувал во брзање, размислувал за дијагнозата на пациентот па во невнимание облекол еден бел и друг црвен чорап.

 

  • Да претпоставиме дека некој е далтонист, па не разликува боја на кошулата и облекува жолта наместо сина. А сопругата негова мрази жолта боја, не сака да види ништо жолто. За него тоа нема никакво значење. Тој може цел живот да верува дека е глупаво да облече друга кошула.

 

  •  Einstein вели дека секој е интелигентен. Ако ја цените рибата според нејзината (не)способност да се качи на дрво, таа ќе го проживее целиот свој живот верувајки дека тоа е глупаво.

Завршни Зборови

Бидете задоволни ако вашиот коефициент на интелигенција е просечен. Со вас другаруваат и се заедно 98% од луѓето во светот. Со 98% луѓе од планетава Земја имате друштво за кафе муабет колку сакате.

Затоа развивајте ја својата имагинација, најдете слободно време и простор и тивка околина и размислувајте позитивно.

За да бидете среќни во животот не мора да сте во групата на 2-3% најинтелигентни луѓе. Среќата не зависи од коефициентот на интелигенција. Размислете и сами донесете заклучок. Пријатно кафе!

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment