Како Да Ја Подобрите Концентрацијата (За Побрзо Учење и Паметење)

Деконцентрација:

Во некој важен момент мислите ви бегаат од предмет на предмет, брзо заборавате што сте сакале да кажете или направите, дезориентирани сте и на другите им велите дека сте ја изгубиле концентрацијата, сте се деконцентрирале.

И го поставувате прашањето:

Како да се концентрирам?

Деконцентрацијата не е пријатна работа.

Битно е секако да  можеш да се концентрираш. Ако можеш да се концентрираш тогаш ќе можеш и да се здобиеш со целосна контрола на твојот ум и тело.

Тоа значи дека ќе имаш контрола врз самиот себе, а кој може сам да се контролира тој ќе може и другите да ги контролира.

Вниманието на секој човек е највеќе насочено кон некои интересни и несекојдневни случувања, настани, предмети, луѓе.

Но, дали некој интересен предмет треба да го избереме како предмет кон кој ќе го насочиме целокупното внимание, кон кој ќе се концентрираме, а наскоро имаме испит на факултет?

Како да се концентрираме за да го положиме испитот?

Или да завршиме некоја друга конкретна работа? Било која!

15 Начини како најлесно да се концентрирате

1. Замислете дека тоа што треба да го направите е најважната работа во вашиот живот.

2. Насочете го целокупното внимание само врз таа работа, ништо друго не ве интересира.

3. Доколку мислите ви летаат и кон други работи, обидете се да ги исфрлите од вашата глава.

4. За да се концентрирате подобро седнете на некој стол и одберете една замислена точка на ѕидот пред вас.

5. Гледајте упорно во таа замислена точка неколку минути.

6. Опуштете ги мускулите и телото и дишете бавно и рамномерно.

7. Мисловно обидете се да гледате низ таа точка и да проникнете што има позади неа.

8. Заборавете на сите звуци и шумови од вашата околина. Најдобро е ако имате некое мирно место.

8. Истата вежба може да ја правите и во природа, некој парк и слично гледајки во некое блиско или подалечно дрво, камен ,клупа  или друг предмет.

9. После неколку минути концентирајте се со целото ваше внимание на конкретниот предмет, испит, или друг објект на вашата конкретна работа.

10. Наведеното повторувајте го пред секое пристапување кон конкретниот предмет.

11. После завршување на вашата работа, лекција или тоа што работите ,уште еднаш минута-две гледајте во замислената точка.

12. Мисловно обидете се полека да ја напуштите, да излезете од замислената точка, сега во обратен смер од оној кога се концентриравте и се обидувавте да видите што има позади таа точка.

13. Наведеното повторувајте го при секое напуштање (престанок) на вашата конкретна работа, лекција, учење.

14. Препорачливо е да спиете доволно за да се разбудите свежи и одморени.

15. Хранете се редовно и правилно. Јадете авокадо, црно чоколадо, пијте доволно вода.

Намирници кои ја зголемуваат концентрацијата

За правилна работа на мозокот и големување на концентрацијата придонесуваат одредени намирници.

За доручек земете јајца (најдобро тврдо варени), овесни снегулки, кафе.

Јадете зеленчук, боровинки, ленено семе, пијте зелен чај, ореви, риба, брокули, спанаќ, зелка.

Избегнувајте црвено месо, мрсно месо, користете маслиново масло.

Активност за концентрација

Умерената физичка и психичка активност помага во постигнување рамнотежа на умот и телото.

Вежбајте ја концентрацијата со практикување на некоја од следните вештини: јога, пилатес, стрелаштво (лак и стрела), куглање, билијард, шах, табла, домино, карти.

Или едноставно например можете да броите од 1000 наназад прескокнувајки по еден број, 998, 996, 994 и.т.н.

За крај

Сигурно ви се случило на средина од важен настан (на испит или во друга околност) одеднаш ќе застанете и не знаете што сакавте да кажете. Едностанвно, тоа претставува губење на концентрација.

Во тој момент сетете се на замислената точка на која вежбавте да се концентрирате и полека влезете во таа точка. Со навлегувањето во точката веќе сте постигнале концентрација и се сетивте што треба да кажете.

А ако евентуално не сте вежбале доволен број пати, тогаш не се обесхрабрувајте. Земете едно кафе и напијте се. Концентрацијата сама ќе дојде кај вас. Пријатно кафе!

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment