Мудри Мисли за Вистината (И Зошто Се Плашиме Од Неа)

Што е вистина, а што лага? Дали имате одговор на прашањето: “Од што се плашите најмногу?”

Да почнеме со неколку мудри мисли за вистината кои се двојат од останатите.

  • Ако ја кажуваш вистината не мора ништо да памтиш (Марк Твен).
  • Никогаш не им ја кажувај вистината на луѓе  кои тоа не го заслужуваат (Марк Твен).
  • Постојано се лажам самата себе. Но не си верувам (S.E.Hinton).
  • Било што кое ја задоволува душата, е вистина (W.Whitman).
  • Сакај ја вистината, но прости ја грешката (Voltaire).
  • Ако патот е лесен, веројатно одите по лош пат.
  • Има многу убавина во вистината дури и ако таа е страшна убавина (J.Steinback).
  • Слатката бонбона има подобар вкус од горчливата витина (T.Beta).

24 ВИСТИНИ ЗА КОИ СЕ ПЛАШИТЕ ДА ВЕ ПРАШААТ:

  • Колку килограми си тежок?
  • Кои се твоите 3 најлоши навики?
  • Колку кутии цигари пушиш дневно?
  • Во колку часот стануваш наутро?
  • Колку години имаш?
  • Кого најмногу мразиш?
  • Колку пари трошиш на ден?
  • Кој ти е најдобар пријател?
  • Што правиш кога си сам?
  • Што мислиш за родителите?
  • Дали знаеш што мислат родителите за тебе?
  • Дали сестра ти е подобра од тебе?
  • Што мислат другите вработени за тебе?
  • Дали директорот те казни?
  • Кога ти е роденден?
  • Кога ќе платиш за услугата?
  • Кој ти ја изгреба колата?
  • Дали имате билет?
  • Дали ти расте брада?
  • Дали имаш висок притисок?
  • Добри ли ти се резултатите?
  • Кого најмногу сакаш?
  • Каде ќе одиш на одмор?
  • Се плашиш ли од вистината за тебе?

ШТО Е ВИСТИНА А ШТО ЛАГА?

  • Вистината е спротивна на лагата. Но и лагата е спротивна на вистината.
  • Кога самите се лажеме, тоа е најголема лага.
  • Кога самите веруваме дека нешто е вистина, тоа може да биде само нашата вистина.
  • Колку луѓе, толку вистини.
  • Колку лаги, толку помалку луѓе.
  • Објективна вистина може да постои само кога човекот ќе ја разбере суштината на своето постоење. Тогаш кога ќе одговори на прашањето: Зошто постоиме?
  • Целото човештво не ја знае вистината за својот настанок. Многу претпоставки, дали претпоставките се лаги?
  • Зошто еден филозоф го барал човекот? Со запален фенер, сред бел ден! Дали вистината е во човекот или само во некои луѓе?

ЗОШТО (СЕКОГАШ) НЕ ЈА КАЖУВАМЕ ВИСТИНАТА ?

Вистината е ѓаволска работа. Не верувате? Тогаш обидете се секогаш и секому да кажувате само вистина.

На пример на девојката: – Понекогаш си многу глупава, а имаш и криви нозе!

Или на шефот: – Шефе ти си комплетен идиот и шарлатан!

Или на брачниот партнер: – Те изневерив само 3 пати, прости ми, ти ја кажувам вистината!

Или на публиката што дошла на вашиот концерт да се восхитува на вашиот глас и стајлинг: – Немам коса па затоа носам вештачка перика, силиконски гради и вештачки забни протези. Се друго е вистинско!

НА КОГО КАЖУВАТЕ ЛАГА И ЗОШТО?

  • На својата девојка кога одите на состанок со друга. За да не ја изгубите!
  • На својот наставник кога доцните на час. Затоа што не ви е првпат и може да добиете казна, дисциплинска.
  • На своите претпоставени. Да не ви ја намалат платата.
  • На возачот. За да ви ја отвори вратата од автобусот.
  • На комшијата. За да мисли дека друг му ја скршил саксијата..
  • Кога купувате во продавница. За побргу да завршите, макар и преку ред.
  • Во аптека. За да имате залиха лекови за не дај боже.
  • На забар. За помалку да ве боли.
  • На лекар. За да ви препише тој лек што вие сакате.
  • На работа дека сте болни. За помалку да сработите.
  • На колешката дека мажот ви е лош. За сожалување.
  • На колегите дека мажот ви е добар. За да ви завидуваат.
  • На пазар дека не се добри пиперките. За да добиете попуст.
  • Во продавница за чевлите што ги пробавте дека ве стегаат. Затоа што се скапи и во моментот не располагате со доволно пари да ги купите.
  • На плажа дека не смеете да се соблечете во костим да не изгорите. Затоа што имате целулит.
  • Во ресторан кажувате дека сте антиалкохоличар и пиете сок. За да не ве каже некој на сопругата.
  • Му кажувате на дечкото дека кај другарка ви сте испиле само чаша пиво. Несмеете да му кажете дека испивте 3 шишиња, да не ве остави.

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

Објективна вистина не постои.

Постојат луѓето и секој човек има своја вистина. Колку има луѓе, толку вистини има.

Сепак кога рамислувате или раговарате  што е вистина, а што лага, кога сте сами или со пријателите пиете  кафе, обидете се да бидете барем спрема себе искрени и да не се лажете самиот себе, затоа што тоа е најголемата лага.

Така тоа кафе ќе ви биде навистина највкусното кафе што било кога сте го испиле.

Пријатна вистина!

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment