27 Причини Зошто Мажите Изневеруваат (Според Науката)

Според професорот Kat Hertlein, терапевт и брачен советник, околу 40% од мажите бараат сексуално задоволство надвор од својата врска. Иако сите претпоставуваат дека главната причина е поради убавината, за изненадување 88% изјавиле дека нивната љубовница не била поатрактивна од нивната жена или девојка.

Околу 40% ја запознале својата љубовница на работа. Дури во ⅓ од браковите еден од сопружниците изневерил, од кои 22% мажи а 14% жени. Луѓето кои што еднаш изневериле имаат 350% шанси повторно да го направат тоа.

Од луѓето што имаат интернет афери 40% стануваат и афери во реалниот свет. Изневерувањето во последните 2 децении е зголемено за цели 40%.

Колку мажи изневеруваат со бившата девојка? Дури 21%.

Кога најчесто се случуваат аферите? На жалост нема добар одговор на ова прашање, можат да се случат во секое време, но кај луѓето во брак, најголемите шанси да изневерат се во првите 2 години од бракот.

Ние не сме тука да судиме. Решивме да направиме листа и да разбереме зошто некои мажи се неверни. Некои точки се контроверзни, некои можеби звучат повеќе како оправдување, други пак се поддржани од психологијата.

Имајќи го тоа во предвид заедно со статистиката, иако има речици илјадници причини, еве ги 27те најчести причини зошто мажите изневеруваат.

1. Имаат желба да бидат со различни жени. Колку и да звучи сурово секој маж сака да има интимни односи со други жени. Разликата е што некои имаат кочница, а другите пак кога ќе им се укаже можност даваат гас.

 

2. Некои се чувствуваат заробени во врската.  Едноставно влегуваат во лавиринт од кој што не знаат како да излезат, почнуваат да се гушат да бараат излез, не се спремни ниту да стават крај ниту да се помират со ситуацијата, па изневеруваат.

 

3. Имале лошо искуство во претходните врски. Доколку тие самите биле претходно изневерувани, или вложиле многу труд со претходната девојка, го вклучуваат одбранбениот механизам и размислуваат – Подобро јас да изневерам отколку мене пак да ме изневерат.

 

4. Не се среќни каде што се. Ова не се однесува само на љубовната врска, туку во животот. Можеби се финански проблеми, можеби проблеми на работното место, во училиштето, во фамилијата итн, и сакаат да се “релаксираат“ и да заборават на проблемите.

 

5. Слаби се на убави девојки и не можат да одолеат. Сексот е биолошка потреба која за многумина тешко се контролира, поготово кај мажите, и некои едноставно се послаби кога некоја убава и згодна девојка ќе им пријде, па викаат да.

 

6. Некои имаат многу шанси па попуштаат. Доколку мажот изгледа атрактивно и постојано има додворувачки, верува дека “му се може“ и никогаш “нема да остане сам“, па едноставно го користи својот изглед максимално.

 

7. Досадно им е. Колку и да звучи едноставно, некогаш можете да си ги поставите сите комплексни прашања на светот “Зошто ме изневери?“, а одговорот е баш тој, го направил тоа од досада.

 

8. Веруваа дека девојката со која се во врска се има сменето. Можеби веќе губи контрола во врската, или работите и односите од страна на неговата девојка се имаат променето. Дали во креветот, постапките, го нема жарот, итн. Кога работите се различни и не така убави, вртат нов лист.

 

9. Чувствуваат дека немаат разбирање од својата девојка. Една од главните причини според психолозите, кога веќе ќе дојдат во таа фаза, најчесто доаѓаат и расправиите, нема повеќе магија и нема повеќе разбирање. Ако се чувствуваат дека повеќе не ги разбирате, црвеното светло на семафорот е вклучено и спремни се за прекршок.

 

10. Сакаат да си играат со оган и да ризикуваат. Некои мажи ги влече ризикот и тоа ги одржува во живот и мораат да го хранат. Буквално сакаат да си играат со оган па што биде нека биде. Додека гори огнот и адреналинот е тука тие се будат среќни.

 

11. Некои воопшто не ни знаат зошто го прават тоа. Некогаш не се знае што е полошо, некој свесно што го прави тоа, или некој што воопшто не ни знае зошто го прави тоа. Едноставно не можете да извлечете логично објаснување од нив бидејќи ни тие самите не се разбираат и немаат одговор.

 

12. Изневеруваат бидејќи “можат“. Овие мажи можеби не се баш најатрактивните, но можеби се едни од побогатите или покрај себе имаат девојка која ќе прости се, или пак жена и две деца која никогаш нема да ги остави или нема каде да оди. Доколку ги држат сите конци во раката, тие веруваат дека им се може и го прават тоа.

 

13. Им завидуваат на другарите кои го прават тоа. Кругот на пријатели секогаш влијае, и тоа не само кај мажите, туку и кај жените. Меѓутоа некои мажи се послаби на влијанијата и попуштаат. Доколку нивните пријатели го прават тоа, зошто тие да бидат тие “будалите“ и “слабите“ и сите да го вперуваат прстот кон нив. Најчесто овие мажи изневеруваат и на крајот остануваат со прстот во уста, бидејќи имаат проблем со самодовербата.

 

14. Имаат премногу стрес и бараат излез. Нивото на стрес во средината во која живееме денес е огромен. Секој ден некој нов проблем, притисоци насекаде, и најлесно решение е да се избега за момент од реалност и да се бара излез или во овој случај “влез“ (ако ме разбирате).

 

15. Не се доволно зрели. Сите созреваме различно, а некои никогаш. Сепак една од главните причини многу мажи изневеруваат е токму недоволната созреаност. На жалост тука жените не можат многу нешто да превземат. Едноставно бидете свесни во што се впуштате. Преголемата сериозност е досадна, а пак крајната незрелост е опасна.

 

16. Чувствуваат несигурност и имаат проблеми со самодовербата. Маж без самодоверба е многу честа ситуација во денешно време. Иако навидум повеќето од надвор изгледаат дека ги имаат сите работи под контрола во животот, од внатре е сосем друга приказна. Кога мажите се чувствуваат несигурни или не веруваат во себе, време е да се стави тестостеронот на тест.

 

17. Бараат “лесен“ начин како да стават крај на сегашната врска. Едноставно за некои мажи најлесниот излез за да стават крај на “маките“ е токму тој. Ќе изневерам и раскинувањето само ќе си дојде. Нема потреба од драми и објаснувања.

 

18. Доживеале трауми во детството и не се спремни да се врзат. Во психологијата, детството игра огромна улога на формирањето на една личност. Ова не е само поврзано со љубовта, тука со се, почнувајќи од насилство, губење доверба, одговорност и сл. Кога станува збор за љубовта овие мажи, имаат проблеми со довербата и со врзувањето за една личност, па едноставно бегаат кај друга.

 

19. Себичност и не знаат да го ценат тоа што го имаат. Точно како што звучи, нема потреба многу да се навлегува- Себични се и не знаат да ценат.

 

20. Сакаат да се издвојат и да се “наградат“. Некои мажи пак веруваат дека заслужуваат од време од време да се наградат. Дали поради некои жртви што ги направиле, или целта што ја оствариле, веруваат дека се двојат од другите и заслужуваат “поклонче“, но не тоа од Дедо Мраз, туку од својата секретарка или пак девојката што ја запознале на забавата.

 

21. Поради импулсивност не ни размислуваат за последиците. Импулсивноста и незрелоста се две различни особини а сепак имаат многу допирни точки. Во случајот при изневерувањето многу мажи се водени од импулсивноста и биолошкиот нагон. Размислуваат само во моментот и грешат. Утре ќе размислуваат за последиците, денес е “убав“ ден за да се губи време со тоа.

 

22. Лути се и сакаат одмазда. Овие мажи ќе удрат таму каде што највеќе боли. Од нив можете да очекувате да бидете изневерени и со најдобрата пријателка. Се што сакаат е само одмазда и да ви вратат за нешто што ги навредило или погодило.

 

23. Емотивно се слаби и несигурни. Не можат да ги контролираат емоциите и се вљубуваат во секоја убава девојка што ќе помине, или пак бараат девојка со која можат да разменат малку романтика. Причини може да има разни, но стадиумот е ист, емотивна слабост.

 

24. Кога се чувствуваат дека не се доволни ценети од партнерот. Ова може да влезе заедно со “Чувствуваат дека немаат разбирање од својата девојка“, со мала модификација. Имено, доколку чувствуваат дека прават огромни жртви а тоа вие не го цените, време е да се бара алтернатива.

 

25. Изневерувањето им го подигнува егото и самодовербата. Егото го храни сите луѓе. Секој сака да биде сакан, да изгледа добро во очите на другите, но кај некои луѓе тоа е премногу нагласено. Доколку вашиот дечко или маж е премногу егоцентричен, можеби тоа е единствената причина зошто заминува кај љубовницата, тој е зависен.

 

26. Чувствуваат дека љубовницата повеќе ги разбира. Иако можеби не чувствуваат дека вие не ги разбирате, доколку влета некоја девојка која на се “има разбирање“, почнуваат да ве споредуваат. Споредувањето е многу лоша особина, меѓутоа е во човековата природа. Доколку станува збор за малку по лабилен маж, тоа може да премине во “мене она всушност воопшто не ме разбира“. И тогаш заминува кај љубовницата “да се разберат“.

 

27. Нивниот татко исто изневерувал. Ова е малку дискутабилно, бидејќи некои мажи баш поради причината што нивниот родител не бил верен, сега се верни како куче. Но, ги има и они и оние токму спротивните што сакаат да одат по стапките на својот татко. Едноставно така се научени и веруваат дека и тие така треба да се однесуваат.  

Финални зборови

Изневерувањето е секогаш интересна тема за научниците и психолозите, па дури и за обичниот човек (се додека не ја чувствуваме на своја кожа). Како што напоменавме претходно, причини зошто тоа се случува има премногу. Секако не треба да заборавиме дека не се само мажите тие што изневеруваат, но според статистиката тие се лидери во тоа. Ги очекуваме вашите коментари и ќе се обидеме да одговориме на секој од нив. Што мислите вие зошто мажите изневеруваат?

In Category: Психологија

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment