Која Е Тајната На Успехот (Како Да Успеете)

Длабоко во себе, секој се запрашува “Како да чекорам храбро и да успеам?”

Одговорот на ова прашање треба сами да го откриете.

Каков успех сакате да постигнете?

Можеби посакувате да станете познат писател, сликар, актер, пилот, научник во НАСА или пак бизнисмен?

Каде, како и во што да сакате да успеете?

Размислувате дека не сте Хемингвеј и не сте писател и не може тоа да бидете. А дали Хемингвеј успеал? Прочитајте го неговото дело и видете како сонцето повторно се раѓа. Секој ден!

Од друга страна размислувате дека не сте Гоген, немате дарба за сликарство. Освен тоа не сакате да ги напуштите вашите блиски, сопруга, деца,родители, пријатели, како што тој направил.

Не сте ниту тој среќник што ќе добие награда и ќе се збогати на лотарија, спортска прогноза и слично. Стално губите, само понекогаш добивате трошни пари колку да го извадите влогот и така се во круг. Никако да успеете, а имате големи планови и соништа…

Што е неуспех, а што е успех?

Ајде да видиме како размислуваат успешните и што прават да бидат успешни. Што всушност е успехот, а што е неуспехот? Што претставува успешен човек, што мислат за тоа некои од нив?

Размислете и сами просудете за следните цитати, зборови изречени од познати и непознати личности:

Bill Gates:

  • Неуспехот е неуспех само ако вие го дозволите тоа.
  • Работи паметно, остани скромен и учи од своите грешки.

Winston Churchill:

  • Успех е да одиш од грешка до грешка без да изгубиш ентузијазам.

H.D.Thoreau:

  • Успехот вообичаено доаѓа на оние кои се презафатени со работа за да мислат на него.

Albert Einstein:

Не се обидувај да станеш успешен човек. Подобро стани човек што има вредност.

Анонимен:

  • Секој ден направете една работа која се плашите да ја направите.

Albert Schweitzer:

  • Ако го сакаш тоа што го работиш ќе бидеш успешен.

Јапонска изрека:

  • Падни седум пати, а осмиот пат стани.

Aristotle Onassis:

  • Тајна на успехот е да знаеш нешто што никој друг не го знае.

Што треба да направите за да постигнете успех?

Ако сакате да успеете тогаш треба:

    1. Упорно да работите за тоа што го посакувате, знаејки дека успехот се стекнува, тој сам не доаѓа.
    2. Треба да создадете и да имате и краткорочен и долгорочен план (ако сакате успех во бизнисот треба да имате – Бизнис план)
    3. Треба да се концентрирате и да дејствувате на најдобар начин кој ќе ве доведе до успех.
    4. Треба да бидете спремни и готови на тоа дека ќе доживеете многу падови, но при тоа секогаш да се дочекате на нозе (како мачка кога ќе падне) и повторно да се исправите и продолжите.
    5. Ако само вие знаете што треба да направите и никој друг тоа не го знае, веќе чекорите по патот на успехот.
    6. Сепак доколку вашата работа бара ангажирање на повеќе луѓе опкружете се со доверливи и способни личности затоа што доколку работите тргнат во непожелна насока ќе можете да побарате валидно мислење и подршка.
    7. Ако верувате во себе и настапувате чесно и искрено, како личност со интегритет  другите ќе ве почитуваат заради вашите вредности и ќе имате успех.
    8. Подобро е наутро штом станете да се зафатите со работа отколку цела ноќ да сонувате за успех. Следете го вашиот план и реализирајте го планот точка по точка, дел по дел.
    9. Не обрнувајте внимание на зли јазици од околината. Тие и онака не можат да разберат, но активно учете од позитивна и здрава работна околина и зголемувајте го вашето знаење секој ден.
    10. Бидете дисциплинирани и во стресни ситуации покажете самодоверба.
    11. Бидете пример за другите, изградете репутација и стекнете ја довербата на другите. Тоа ве води кон успехот.

Зборувајте го тоа што мислите

  1. Стремете се кон највисока цел.
  2. Вклучете ги вашите умствени способности до максимум.
  3. Станете независен и способен сам да се изборите со секојдневните предизвици.
  4. Покажете дека имате јак карактер и интегритет, управувајте сами со својот живот. Имајте високо поставени цели.
  5. И покрај тоа што има работи што не можете да ги контролирате и управувате, поставувајте си и извршувајте највисоки можни цели. Така вие ќе ги зголемите вашите идеи и перспектива.
  6. Проширете ги и надминете ги постојните лични граници и така ќе постигнете успех.

За Крај

Ако немате успех на спортска прогноза, лотарија и слично, тогаш изберете нешто што ве интересира најмногу (се разбира освен коцкање и игрите на среќа претходно наведени).

Утре штом се разбудите направете план. Работете неуморно по планот ,бидете упорни. Многу веројатно е дека ќе следат многу падови, но не се предавајте. Бидете дисциплинирани и зајакнете ментално стремејки се кон највисоки цели и вредности и успехот ќе биде загарантиран.

Кога работите не ви одат најдобро, повикајте ги вашите пријатели ,соработници, тимот, и испијте по едно добро кафе.

Тоа ќе ви даде инспирација и сили за понатамошни подвизи.

Ако веднаш не успеете, не е битно. Има време. Само не се откажувајте.

После седмото горчливо кафе, осмото кафе може да ви биде најслаткото и најуспешното.

Секако нема да си доволите во ист ден да испиете толку многу кафиња. Најдобро е секој ден по едно. Така и повеќе денови ќе се дружите со пријателите и на крај ете го успехот!

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment