Како Да Ја Победите Анксиозноста (Причини Симптоми и Третман)

Внимание: Информациите долу се само од информативен карактер, и немаат намера да заменат професионално мислење. Авторот на овој текст не превзема никаква одговорност за последиците. Советувајте се со вашиот психолог. 

Направивме детално маратонско истражување на оваа тема и во оваа статија ке дознаете што претставува анксиозноста, како настанува и кои се причините, кои се симптомите и како да ги препознате, и на крајот како да ја победите анксиозноста на природен начин.

Што претставува Анксиозноста?

АНКСИОЗНОСТ е состојба  кај човекот  која всушност е субјективно чувство или комплекс на чувства на загриженост, тешкотија, и исчекување на некои идни или е поврзана со загриженост со актуелни настани закани и евентуални опасности кои се предимензионираат и нереално им се дава доминантно значење. Оваа состојба е пропратена со одредени симптоми и со реакции кои се несоодветни и пренагласени во однос на реалноста.

Во ова ако се препознаете не сте сами. Според некои истражувања во светот од оваа состојба страдаат околу 500 милиони луѓе.

Без да ви сугерираме, се надеваме дека од редовите што следат подоле ќе најдете нешто што ќе ви помогне да најдете решение и да ја надминете оваа состојба, или во најмала рака, ќе ви ги ублажи моменталните животни тешкотии и ќе ве утеши и релаксира. Да почнеме.

Кои се симптомите на Анксиозност?

Има различни симптоми кои укажуваат на можна анксиозност како на пример:

  • Чувство на раздразливост, тежнина, напнатост и несекојдневна загриженост
  • Чувство на немир деконцентрација
  • Чувство на тресење на раце и делови од телото
  • Забрзано дишење и срцебиење, потење
  • Тензија и потреба да се избега од настанатото чувство
  • Проблем со претерано јадење или пак губење на апетит
  • Мачнина во стомакот и притисок во градите
  • И други индивидуални симптоми кои можат да бидат од физичка и ментална природа

 Физички симптоми:

  • Проблеми со стомакот кои тераат на повраќање
  • Проблеми со често пиење вода и уринирање
  • Болки во сите мускули и коски на организмот
  • Неможност за координација и точно ракување со машини и предмети
  • Главоболка, несоница и неспиење по цела ноќ или будење во текот на ноќта
  • Тремор на рацете и мускулите на лицето
  • Вкочанетост или пак трнење на нозете и грбот

 Ментални или психички симптоми:

  • Страв од заразни болести и умирање
  • Непотребно често миење на раце
  • Постојано навраќање на исти негативни мисли
  • Постојана загриженост дека нешто неубаво ќе се случи
  • Ненадејно и повекекратно менување на расположението во текот на денот
  • Претерана реакција на настани на кои им се дава нереално голема димензија на сегашна и непосредна опасност и закана
  • Напад на паника

Што всушност претставува Паниката (Научно објаснување)

Како посебна реакција и манифестација на анксиозност поради својата ненадејна и неочекувана појава и интензитет може да се издвои паниката, напади на паника кои се повторуваат во определени ситуации за кои се мисли дека се опасни и ја загрозуваат личноста или настануваат од некоја друга необајснива причина.

Според некои автори кои го анализираат посебно и го наведуваат како позначителен таканаречениот синдром на паника или поедноставно речено “паничен напад“ истиот е физиолошка појава и психолошка појава која своите корени  ги влече од еволутивниот равиток на човекот и неговата борба за опстанок во суровите и опасни природни услови и околина.

Kniga nauka

Според научни истражувања и сознанија и искуства кај луѓето постои еволутивно “бори се или бегај“ фундиран одговор на опасни и заканувачки ситуации. Во такви ситуации физиолошки се активира целото тело со наплив на крв во главните мускули, се продуцира адреналин и се забрзува пулсот и дишењето со што човекот е спремен да се спротивстави и да ја победи опасноста (непријателот).

Со оглед на тоа дека современиот човек во одредени моменти може да има физиолошки појави исти или слични како кога е во ситуација на непосредна опасност (срцебиење, покачен притисок, потење, забрзано дишење и слично), а всушност не постои никаква опасност туку станува збор за нешто сосема друго,настанува погрешно интерпретирање и асоцирање на анксиозност и така може “да влезе“ во спирала на “страв од страв“. (Craske & Barlow, 2007 Fear of Fear)

“Страв од страв“ значи дека се создава “непрекинато тркало“ или постојани циклуси на анксиозност. Така срцебиењето, потењето, создава анксиозност, анксиозноста предизвикува срцебиење, потење и.т.н  и тој круг се повторува.

При напад на паника кој го достигнува највисокиот врв за неколку минути и кој според некои проучувања трае помалку од 10 минути се јавуваат најмалку 4 или повеке симптоми од горе наведените. Освен тоа има значителна промена на однесувањето и одбегнување по секоја цена на некое дејство поврзано со нападот (качување во авион, брод, лифт и слично).

Како да се справите со Анксиозноста (и Паниката)

За овакви состојби на анксиозност и паника кои несакано можат да прераснат во постојани и сериозни пореметувања на здравјето јасно е дека секој засегнат човек бара лек, средство, начин за да ги отстрани и да ги реши или барем  ублажи постојаните грижи и проблеми и да спречи понатамошни компликации.

Pomosh hartijaТоа не е така едноставно. Дали да се бара лекарство како хемиска супстанца која ќе помогне или пак да се бара стручна помош, третман и совети? Секако дека и едното и другото треба да се има во предвид, но за да не ви сугерираме само ви укажуваме дека Вашето решение е само Ваше решение и само Вие самите решавате што ќе правите. Дали ќе оставите времето да ги реши потешкотиите како што советуваат некои ? Дали ќе барате лекарска или друга стручна помош?

Има повеќе опции за ефикасно лечење а кои ги вклучуваат и ги земаат во предвид и терапевтско – психолошки третмани како и медицинските третмани (лекарства).

Дали невротрансмитерот Серотинин помага?

Според повеќе научни и практични сознанија  супстанцата серотонин е значајна хемиска супстанца која се содржи 90% во клетките на дигестивниот тракт и истовремено е невротрансмитер кој влијае врз работата на мозокот и дава позитивно расположение. Серотонинот има позитивна улога во насока на зголемување на пријатните и убави емоции и чувство на среќа, рамнотежа и спокојство.

Serotonin

Од тој аспект препорачливо е да се конзумираат јадења, намирници кои влијаат врз правилно функционирање и балансирање на дигестивниот тракт и мозокот и кои влијаат на зголемување на нивото на супстанцата серотонин кај човекот.

Но, кои се тие намирници и што е препорачливо да се конзумира? Накратко, тоа се намирници и производи кои што содржат триптофан кој директно без посредници се трансформира во серотонин како и тие намирници кои што содржат серотонин.

Каде има Серотонин ?

Серотонинот го има највеке и во најзначителен процент во оревите, потоа го има во исушени семиња, семки, зеленчук, печурки, овошје, банани, ананас, киви, сливи, и домати.

Го има во многу билки и растенија.

Дали сте љубител на какао и чоколадо?

chokolado kolachinja

Еден од битни извори на серотонин е какаото. И чоколадото.

На пример чоколадото со содржина 85% какао има најмногу серотонин (во споредба со други чоколади. Освен тоа највисоко ниво на триптофан (кој се трансформира во  серотонин) е најдено кај чоколади со содржина на какао од 70% до 85%.

Препораката би била јадете ги наведените намирници и арикли, видете која највеќе ви помага. Конзумирајте ореви, семки (на пример од тиква), зеленчук, печурки, овошје, банани, ананас, киви, сливи, домати и воопшто растителни намирници.

Секако ако имате дијабетес, ќе конзумирате помалку чоколадо (на два три дена по неколку парчиња од таблата чоколадо).

Дали да користите Лекови Суплементи и Билки?

Ќе сретнете многу препораки за лек за анксиозност како на пример:

Некои комерцијално препорачуваат лек или суплемент кој е комбинација на разни билки меѓу кои и камилица, потоа одредена индиска билка и одреден инхибитор на невротрансмитер кој ги намалува претераните анксиозни реакции и слично, а кој не е евалуиран од  FDA (U.S. Food & Drug Administration).

Па што да правите во оваков случај? Доколку одлучите дека поради некоја причина не сакате да користите (финансиски или немате доверба и друго) тогаш сепак имате решение.

Имено,уште одамна е познато дека камилицата (а која се наведува како составен дел на наведениот лек /суплемент) има смирувачко дејство.

Користете камилица, камилицата ја има во изобилие и нема да го оптерети многу вашиот буџет.

На пример ќе сретнете во продажба разни суплементи кои содржат комплекс на витамини, некоја билка, минерали калциум, магнезиум и слично. Доколку така решите купете такви.

Suplementi

Доколку не сакате тоа да го направите, размислете, можеби е подобро решение навечер пред спиење да грицкате печени или непечени семки од тиква (подобро несолени) кои исто така содржат калциум, магнезиум, цинк и други корисни минерали и витамини.

Бидете претпаливи и имајте го во предвид и следното:

Докажано е дека триптофанот и антидепресивните лекови (лекови за главоболка и друго) го зголемуваат нивото на серотонин. Но без лекарски надзор тие не треба да се употребуваат од причина што во некои случаи може да дојде до несакани последици по здравјето.

Имено иако ретко сепак може да дојде до појава на несакан таканаречен “Сератонински Синдром“ појава која освен што на пример има слични симптоми со анксиозност (главоболка треска висок крвен притисок дијареја збунетост проблеми со говорот и друго) може да доведе до тешки последици по здравјето па и до  смрт.

Како настанува Анксиозноста (Кои се причините)?

Кога барате лек или решение за надминување на анксиознозса секогаш имајте во предвид дека постојат  ФАКТОРИ-ПРИЧИНИ кои можат да предизвикаат настанување на анксиозност и по можност анализирајте ги истите и советувајте се со лекар а потоа носете решенија.

Тоа се следните ФАКТОРИ-ПРИЧИНИ кои можат да предизвикаат  настанување на анксиозност

  • Доживеани во минатото стресни настани (финансиски, разделба со сакана личност, сообраќајна незгода и слично)
  • Исчекување на некој настан важен за личноста (полагање испит и слично)
  • Некоја прележана или сегашна болест
  • Моментална физичка состојба (премногу физички напори,премореност)
  • Прекумерна употреба на алкохол
  • Прекумерна и неконтролирана употреба на некои лекарства
  • Проблеми на работното место
  • Психолошка структура на личноста (осетливост, емоционалност, чувство на преголема одговорност)
  • Негативно влијание од околната средина
  • Деперсонализација на личноста, страв од срам, од тоа како општеството ќе го оцени и валоризира
  • Генетски фактори (наследност)

Што друго се препорачува за надминување на Анксиозноста?

Дали анксиозноста треба да се лечи веднаш кога ќе настанат симптомите или да не се превзема ништо и да се остави на “времето тоа да го излечи“?

Овде мислењата се поделени, некои мислат дека веднаш треба да се превземат неопходни мерки, лекарства,терапии и друго, а некои мислат дека “времето лечи се“ и не треба да се брза.

Еве подоле даваме на кратко што се препорачува а Вие сами решете кој чекор ќе го превземете:

  • Откажете се или бар намалете ја количината на кафето (кофеинот) имајки предвид дека и кафето има свои корисни сттрани (тоа содржи антиоксиданти) и дека не е се така црно како кафето.
  • Откажете се од алкохолните пијалоци или барем умерено ги конзумирајте, имајки предвид дека и тие во мали количини имаат некои корисни позитивни моментални ефекти. Оценете сами.
  • Почнете да спортувате, движењето релаксира, ќе ги надминете проблемите на персонализација
  • Дружете се со пријатни луѓе кои не ве замараат со свои проблеми, а можеби ќе ги споделите заеднички и вашите и нивните проблеми, социјалниот момент е многу битен
  • Јадете редовно и умерено вистински корисните намирници и производи кои ги наведовме, ефектот е балансирање на организмот и физиолошката рамнотежа
  • Гледајте смешни филмови, ефектот е опуштање и свртување на мислите во позитивна насока
  • Смејте се, луѓето сакаат весели личности
  • Обидете се да се справите со вашата фобија или фобии на конструктивен начин (прочитајте на интернет дека на пример одењето пешки по скалите е пострашно отколку да се возите со лифт до 7 ми спрат)
  • Зајакнете ја својата самодоверба, никој не е совршен, работете го или правете го тоа во што сте најдобри или подобри од другите и ќе стекнете доверба и почитување и од другите. Потоа подобрете го и тоа во што не сте најдобри. Бидете упорни и ќе успеете.
  • Зголемете го нивото на серотонин во органимот. На пример грицкајте навечер семки од тиква, тие се многу корисни.
  • Консултирајте стручни лица по потреба.
  • И не заборавајте да работите на самодовербата.

Финални зборови

Се надеваме дека ја пронајдовте оваа статија корисна и иако анксиозноста е сериозен проблем, сепак постојат многу природни начини како да ја совладате и да излете како победник. Доколку имате некои прашања и сугестии пишете ни во коментарите.

In Category: Психологија

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment