Во Која Просторија НЕ Би Влегле? (Психолошки Тест)

Изберете една просторија (во која не би влегле) од сликата доле и дознајте каква е вашата скриена личност.

test psihologija

 

“Страшната пештера во која што се плашите да влезете во себе крие богатство кое што го барате.“

Овие се зборовите на Џозеф Кемпбел, американски историчар и писател кој што има спроведено повеќе психолошки студии за човековата психологија.

Неговата теорија била базирана на едноставен факт:

“За луѓето да бидат навистина среќни, тие мора да се соочат со се што ги влече надолу, да го прифатат тоа и на крај да го пуштат…“

Клифорд Н. Лазарус е добро познат психолог кој целосно го дели мислењето на Кемпбел.

Тој верува дека луѓето сами си ги создаваат своите ограничувања. Тие бариери со кои што луѓето се соочуваат се она што ги попречува во она што треба да го постигнат.

Оваа слика е клучот кон запознавање на вашата психологија. Интерпретацијата на вашиот избор може да ја најдете подолу, а исто така ќе прочитате на што навистина треба да се фокусирате и работите, како и кои сте навистина длабоко во себе.

Број 1 – Што се крие во напуштената Соба?

Ако сте ја одбрале сликата со напуштената соба, вие сте личност со одличен интелект и големи аналитички способности. Вие немате тешкотија да ги разберете и воочите работите токму онакви како што се, да ги ставите вашите вредности над се, па според тоа го очекувате истото и од другите луѓе.

Ѕидот e обложен со тапет, што индицира дека вие имате штит околу себе, но малиот зрак на светлина покажува дека би го скршиле штитот доколку некој е доволно подготвен да го отвори вашиот оклоп или да го прошири вашиот хоризонт.

Број 2 – Што се крие под страшните Скали?

Скалите кои што водат до таванот или подрумот, или до место кое изгледа како бескрајна бездна која што ќе ве проголта цели, покажува дека вие сакате да уживате во животот потополно, но од друга страна исто така покажува страв од смртта. Тешко ви е да прифатите доколку не знаете што следи понатаму.

Она што вие го очекувате е забавен живот и одлично здравје.

Тоа не е толку тешко да се постигне. Се што треба да направите е да јадете здраво и да практикувате долги прошетки. Тоа ќе ви овозможи здрав метаболизам, а прошетките може да ги претворите во нешто забавно.

Број 3 – Што ве чека во ледената Пештера?

Веќе долго време копнеете за емоционална топлина, заради тоа ледената пештера ви дава морници. Исто така, сакате да го избегнете чувството на тага или напуштање. Се чувствувате уморни од тоа да бидете фрустирани цело време и знаете дека е време за пауза.

Гледајќи од позитивна страна, тоа значи дека поминувате низ убав период во животот, вие сте личност со високи морални вредности и со прецизна замисла за вашиот живот.

Исто така, вие не сакате да ги органичувате луѓето зошто верувате во лична слобода и простор.

Она што вие навистина го барате е искрена љубов, не мора да биде романтична, туку љубов која што е полна со топлина и вистинска грижа.

Број 4 – Што има во трошната Куќичка?

Ако ја одбравте трошната куќичка, која што ќе ве држи будни цела вечер и ќе ве прогонува, покажува на банкротирање и недостаток на топли емоции. Во одност на вашата личност, куќата за вас претставува симбол на љубов и сигурност.

Вие имате строг карактер и секогаш сте покрај вашите сакани кога сте им потребни.

Исто така вие сте многу лојални, но не секој знае како да се постави со вас. Вашиот страв од напуштената куќа, покажува дека сте во потрага по добар живот, но не за материјални задоволства, туку за удобен живот.

Како и да е, на крајот на денот на вашето семејство нема да им значи луксузот, туку вашата љубов и безусловна грижа.

Број 5 – Што ве чека на крајот на Тунелот?

Ако го одбравте тунелот, вие навистина треба да ги структурирате вашите мисли. Вие сте изгубени во вашата глава и сте премногу збунети. Треба да се обидете да ги разберете вашите мисли за да можете да разберете што навистина ви е потребно.

Она што всушност го барате е јасност и решение на вашите проблеми. Треба да нурнете во непознатото за да добиете појасна претстава за она што ви треба во животот.

Запамтете: Секогаш има светло на крајот на тунелот.

Број 6 –  Што има во сината Врата со синџири?

Сина врата затворена со синџири. Сината боја наликува на небото и на морето при што укажува на стабилност. Вие сте многу продуктивна личност и секогаш ги постигнувате поставените цели. Вие сте креативни по природа и имате уникатна способност да создадете нешто ново.

Богатството што го барате зад оваа врата е комфорност.

Исто така, треба да се обидете да ги пуштате работите и да уживате во животот повеќе. Како што ќе се ослободувате и препуштате на убавините кои што ги нуди животот, ќе се чувствувате порелаксирано и смирено.

Финални зборови

Која слика ја избрате и зошто? Дали се препознавте? Во просторот за коментари може да дискутираме колку овој тест е навистина точен. 🙂

In Category: Психологија

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment