Збор Два За Стивен Хокинг

Стивен Хокинг замина во легендите на 14 Март 2018 година после долгогодишното боледување и парализата со која се бореше неколку декади. Заедно со Алберт Ајнштајн на Менса тестот по интелегенција достигнаа невeројатни 160 поени.

Во 2015 присуствуваше во рубриката AMA (Ask Me Anything) или “Прашај ме што сакаш“ на Reddit (еден од најпознатите форуми во Светот), која после неговата смрт повторно стана вирален и се споделуваше низ социјалните мрежи и целиот свет.

Еве неколку збора за него.

Кога светот за прв пат подетално се запозна со делото на Стивен Хокинг?

Во 1988 година Стивен Хокинг ја објави својата популарна значајна книга A Brief History of Time (Кратка Историја на Времето) која е продадена во повеќе од неверојатни 10 милиони примероци.

Во оваа книга тој пишува за многу работи, но најчесто за теоријата на гравитацијата, како и за црните дупки.

Од нејзиното објавување светот повеќе не е ист, визиите на Стивен станаа визии на модерниот човек.

Делото на Стивен Хокинг денес е општо познато во светот и стана икона на младите и постарите.

Од 1988 година тој постојано е активен поставува прашања, дава одговори и свое мислење на темите  – Што е вселена? Зошто постои човекот? Кога и како настанала вселената? Што претставува просторот и времето? Што е гравитација? Дали вселената од големата експлозија постојано се шири или не? Што било пред тоа? Што не очекува во иднина? И многу многу други работи.

Кое е последно дело на легендарниот теоретски физичар Стивен Хокинг?

Последно дело на С.Хокинг е A Smooth Exit from Eternal Inflation

Во последното свое дело, A Smooth Exit from Eternal Inflation објавено непосредно десетина дена пред неговата смрт легендата Стивен разгледува и поставува прашања и одговара:

  • Дали нашиот космос е единствен или има и други универзуми?
  • Дали во стилот на серијата Стар Трек ќе биде пронајден доказ дека постои “мултикосмос“ дека постојат многу паралелни универзуми освен нашиот?
  • Стивен Хокинг храбро гази и оди со својот ум и истражувања таму каде што и “Стар Трек“ се плаши да оди и да истражува.
  • И во своите последни истражувања, оваа легенда и икона на теоретската физика, Хокинг остави на светот уште свои мисли и расудувања и потсетник како научниците би можеле да откријат друг универзум, освен нашиот и дури претскажува и крај на светот.

Tие истражувања ги правел заедно со еден друг научник, професорот Томас Хертог.

Професорот Томас Хертог, ко-автор на овој најнов труд, наведува дека Стивен Хокинг го комплетирал ова револуционерно истражување буквално од смртната постела.

Во овој последен труд со наслов A Smooth Exit from Eternal Inflation се предвидува и се наведува дека:

  • Универзумот евентуално би завршил тогаш кога звездите би ја игубиле својата енергија
  • Научниците употребувајки сонди на вселенските бродови би можеле да пронајдат алтернативни универзуми каде луѓето би можеле подобро да го раберат нашиот универзум, што друго има таму надвор од него и кое е нашето место во космосот.  

Познато е дека од поодамна како визионер Хокинг се залага за формирање на колонии на други планети и иако понекогаш неговите изјави се сметаат за контроверзни тој повикува човештвото да превзема постојано мерки и укажува дека треба да се создаваат можности за луѓето да можат да ја напуштат родната планета што треба да биде постојан процес во иднина. Според него веројатноста за катастрофа на планетата е сега веројатно сосема мала , но ќе стане блиску веројатна во следните 1000 или 10000 години.

Што пишува Стивен Хокинг во своето насекаде познато дело A Brief History of Time (Кратка историја на времето)?

Колку да се потсетите и евентуално да продискутирате на интересни теми со вашите познати и пријатели (се разбира со Кафе Муабет) еве неколку:

  • Законите на науката не прават разлика меѓу правецот “напред“ и правецот “назад“ во времето.

Меѓутоа постојат најмалку три стрели на времето, кои разликуваат минато од иднина.

Тоа се термодинамичката стрела (правец во времето во кој доаѓа до зголемување на нередот), психолошката стрела (правец на времето во чии рамки ние се сеќаваме на минатото но не и на иднината) и космолошка стрела (правец во кој вселената се шири, а не се стега).

  • Интелигентни суштества можат да постојат само во фазата на ширење на вселената.
  • Хокинг признава дека погрешно во почетокот верувал дека “нередот“ кој настанува во исти правец со ширење на вселената ќе се смалува кога вселената ќе почне да колабира (да се стега).
  • Подоцна сфатил дека греши и дека нередот ќе продолжи да се зголемува и за време на збивањето, а поради условот за безграничност. Инаку луѓето во фазата на збивање обратно би ги живееле своите животи, па прво би умреле а потоа би се родиле.

Нередот го објаснува со тоа што еден среден систем во смисла на тоа дека секогаш постојат повеќе несредени системи отколку средени (вториот закон на термодинамиката)  кои со тек на времето, односно во некое подоцнежно време поверојатно е дека ќе се најдат во несредена состојба.

Така, има еден и само еден начин на кој деловите на сложувалката даваат целосна слика (средена состојба) а постојат многу голем број начини на разместување во кои деловите се неправилно распоредени и не создаваат слика.

  • Хокинг објаснува дека некои луѓе и кога ќе направат грешка никогаш не признаваат дека не се во право и продолжуваат и натаму да пронаоѓаат нови, често меѓусебно неспоиви аргументи во својата претпоставка како што било случај со Едингтон кој се спротивставувал на теоријата на црни дупки.

Хокинг наведува дека Ајнштајн дал добар пример дека е многу подобро а и помалку збунувачки, ако писмено признаете дека не сте биле во право.

Имено, Ајнштајн, кој космолошката константа што самиот ја вовел обидувајки се да создаде статичен модел на вселената, ја прогласил за најголема грешка во својот живот.

Цел век од појавувањето на Ајнштајновата теорија за гравитацијата, а за која пишуваше Стивен Хокинг тим физичари за прв пат во 2016 година открија на светот дека имаат доказ за постоењето на гравитациони бранови.

Ова се совпадна со предвидувањата кои Стивен Хокинг тој ги направи пред повеќе од 40 години (1970 година) на универзитетот во Кембриџ.

Стивен Хокинг изјави:

  • Гравитационите бранови даваат сосема нов начин на гледање на универзумот.
  • Способноста да бидат детектирани овие бранови носи потенцијал за револуција во астрономијата.
  • Ова откритие е првото откривање на бинарен систем на црна дупка и првото набљудување на спојувањето на црни дупки.
  • Областа на конечната црна дупка е поголема од збирот на областите на првобитните црни дупки, како што предвидува Хокинговата теорема за областа на црни дупки.

Финален збор

Во 2011 година Стивен Хокинг за познатиот печат The Guardian за својата смрт изјави:

Последните 40 години живеев со мислата дека е многу веројатно да ме снајде прерана смрт. Не се плашам од смртта, но и не брзам да умрам. Има толку многу работи што сакам да ги направам пред да дојде моето време.

Делата на Стивен Хокинг на сите ни го одземаат здивот, и за сите љубители на Универзумот, Астрономијата, Црните дупки, Star Trek итн ви препорачуваме да проверите некои од неговите книги и ви ветуваме дека нема да останете рамнодушни.

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment