60 Неверојатни Факти За Светот Кои Го Одземаат Здивот

Светот, нашата Планета Земја и Универзумот се енигма која сите сакаме да ја решиме. Секој ден дознаваме нови интересни факти за кои можат да се напишат еден тон енциклопедии (многу се веќе и напишани).

Ние ги издвоивме најинтересните факти и некои буквално ни го одземаа здивот. Да почнеме.

1. Постojaт три трилиони дрва во светот или за секој човек по 400 дрва.

2. Јадрото на земјата има толку многу злато што може да ја покрие целата површина на нашата земја.

3. Нашата земја е стара околу 4.6 билиони години.

4. Најтоплото место во светот се наоѓа во Етиопија поточно во Далол, Денакил Депресијата и има просечна годишна температура од 34 степени.

5. Најстуденото место во светот е Плато Станицата во Антарктикот со просечна годишна температура од -56.7 степени.

6. Најниската температура некогаш измерена на Земјата изнесувала -94.7 степени во Источен Антарктик.

7. Највисоката температура пак измерена била во Либија во областа Ел Азизија и изнесувала скоро 59 степени.

8. Во Јапонија Божиќ се слави како Фестивал на Љубовта, каде што заљубените слават заедно а тие што се слободни се забавуваат барајќи партнер.

9. Виножитата имаат преку еден милион бои, на жалост ние луѓето не можеме да ги видиме сите. За споредба Морската богомолка има 12 рецептори за боја, додека ние луѓето само три.

10. Видрите се држат за раце додека спијат.

11. Леонардо да Винчи пишувал со една рака а цртал со другата.

12. Две третини од луѓето во светов никогаш не виделе снег.

13. Влакнестиот Мамут постоел во времето кога Пирамидите во Египет биле изградени.

14. Двоглавите змии се борат меѓу себе за храна.

15. Медузата е 95 проценти вода.

16. Ќе ви требаат повеќе од 1000 година за да го изгледате секое видео на YouTube.

17. Бубашвабата може да живее неколку недели ако и ја отсечете главата.

18. Јазикот е најсилниот мускул кај човекот.

19. Замрзнатите ракчиња можат да се вратат во живот откако ќе ги одмрзнете.

20. Шансите да умрете додека купувате ливче за лото се поголеми отколку шансите да добиете на лото.

21. Кока-колата е зелена ако не и се стави боја.

22. Ако кивнете премногу јако можете да напукнете ребро.

23. Кога поларните мечки сакаат да се скријат во снегот го покриваат својот нос со  шепите.

24. Кучињата можат да разберат до 250 збора и можат да направат прости математички калкулации како броењето.

25. Секој елемент во нашето тело е направен од ѕвезда која некогаш експлодирала.

26. Возрасните имаат помалку коски отколку бебето.

27. Секој атом во нашето тело е билиони години стар.

28. Кога гледаме во ѕвездите всушност гледаме во минатото поради времето кое е потребно светлината да допатува до нас.

29. Постои планета каде што врне стакло откриена од Хабл телескопот и дува ветер од 7 илјади км на час.

30. Океаните содржат околу 20 милиони тони злато.

31. Постои бесмртна медуза која е феномен за научниците.

32. Постојат цели планини во морињата, една од најдолгите се простира на 80 илјади км должина, многу подолга од Андите.

33. Јадрото на Земјата е жешко колку и Сонцето.

34. Амазон дождовната шума е дом на околу ⅓ од сите видови на животни и птици, на планетава.

35. Просечниот човек чека околу 6 месеци во својот живот да му се вклучи зелено светло на семафорот.

36. Еден облак може да тежи околу 450 илјади килограми.

37. Најстарата гума за џвакање е стара околу 9 илјади години.

38. Доколку џвакате мастика додека лупите кромид нема да плачете.

39. Околу 150 луѓе годишно умираат од кокос што им паѓа на главата.

40. Кечапот се користел во медицината во 1930та година.

41. Медот никогаш не може да се расипе.

42. Бројот на животни убиени секој час поради месо во САД е 500 илјади.

43. Горилата ждрига кога е среќна.

44. За еден килограм мед една пчела треба да посети 4 милиони цветови.

45. Луѓето со сини очи имаат поголема толеранција на алкохол.

46. Машкиот Ној може да рика како Лавот.

47. Мачките имаат 32 мускули во своите уши.

48. Птиците не уринираат течност.

49. Во 1999 година Гугл за малку ќе бил продаден за 1 милион долари, сега Гугл тежи преку 600 билиони долари.

50. Ако бремената жена има оштетување на некој орган, бебето праќа лековите келии да го излечи.

51. Човек може да живее еден месец без храна, но само една недела без вода.

52. Секој месец што почнува со недела, има петок 13ти.

53. Делфините спијат со едното око отворено.

54. Најдолгиот сталагмит некогаш пронајден е во Куба и изнесува 67.2 метри.

55. Се претпоставува дека нашата Земја некогаш имала две Месечини и се судриле една во друга.

56. Некои научници и микробиолози веруваат дека Земјата некогаш била розова.

57. Постојат планети како нашата Земја, една од нив е планетата Кеплер 22-б. Дали има живот или не на тие планети, сеуште не се знае.

58. Таканаречените водени мечки се 0.5 милиметри големи и можат да преживеат секакви услови, вклучувајќи лава, најголем студ, или вакуумот на вселената.

59. Нутелата е измислена во Италија за времето на Втората Светска Војна.

60. Прериските кучиња исто познати како Мрмоти се бакнуваат кога се поздравуваат.

Финални зборови

Се надеваме дека ви се допадна листата. Која точка најмногу ве изненади? Пратете ни коментар.

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment