18 Фасцинатни и Изненадувачки Факти За Кафето

Некои од нас не можат да го поминат денот без шоља кафе, и тоа е потполно разбирливо. Кафето на шега е нарекувано “гориво за модерниот човек”, но сигурно ќе се согласите дека тоа и не е така далеку од вистината. Погледнете наоколу во канцеларијата за време на утринските часови и ќе забележите дека скоро сите го почнуваат работниот ден со шоља кафе.

Оваа листа со интересни факти е за сите вас кои сте љубители на кафето:

1. Кафето е најконзумираниот пијалок

​Кафето е најконзумираниот пијалок, секако после водата. Повеќе од 400 билиони шољи кафе се конзумирани секоја година. Во просек, секој човек што пие кафе, конзумира две до три шољи дневно. Според националната кафе асоцијација, дури 85 проценти од возрасните луѓе конзумираат кафе.

2. Кафето е втор најтргуван продукт

Кафето се наоѓа на второ место во листата на најтргувани продукти. Нафтата е на прво. Извозот на кафе, е индустрија вредна 20 билиони долари, воглавно конзумирано од индустријализирани нации. Кафе индустријата е вредна повеќе од 100 билиони ширум светот. Тоа го става кафето пред природниот гас, златото, маслото, шеќерот и пченката. Фармите од кафе претставуваат основен извор на економски ресурси за повеќе од 25 милиони луѓе.

3. Кафето првпат било откриено во 1500-тите

​Се претпоставува дека кафето било откриено од страна на овчар во Етиопија во 1500-тите. Тој забележал дека неговите кози јадат плод од кафе. После тоа забележал промена во нивното однесување, па ги споделил неговите сознанија со некои монаци. Тие започнале да експериментираат со подготовка на плодовите од кафето како што подготвувале чај (го вареле плодот). Откако ќе го испиеле така подготвеното кафе, не можеле да заспијат (што не е изненадувачки затоа што кафето содржи кофеин). Останатото е историја. Скоро историја. Сеуште не е познато кога или кој започнал да ги пече зрната кафе.

4. Кафе растенијата може да растат и на 2000м н.в

Kафето може да биде култивирано од неколку метри надморска височина, до 2000м н.в.  Тој тип на кафе е познат како “одгледувани високо планинско.”  Како и да е, тој тип е потежок за собирање, па затоа и цената е повисока. Сепак важно е да се напомене дека минималната перципитација потребна за одгледување на видот Арабика е околу 1000 милиметри, локации со перципитација од 3000м не се препорачани. Оптималните температури се од 24 целзиусови степени преку денот и 17 степени во текот на ноќта.

5. Едно дрво кафе дава помалку од 1 кг финален продукт

Зрната кафе кои што се собираат од дрвата, поминуваат низ специфичен процес пред да се добие финалниот продукт – кафето кое го конзумираме. Количината на плодот која што се добива од едно дрво изнесува околку 5 кг. Се пече, па се меле, со што се намалува на околу 800 грама. Од тоа може да се заклучи дека од едно дрво кафе, се добива околу 1 кг кафе подготвено за конзумирање.

6. Постојат над 80 различни видови на кафе (растенија)

​Различните видови на кафе се добиени преку селективно одгледување или природна селекција на кафе растенијата. Иако постојат огромни варијации во култивираните растенија, постојат само неколку видови кои се одгледуваат за комерцијални цели. Причината за тоа е што овие видови се отпорни на болести и процентот на плодови е поголем во споредба со другите видови.

7. Кафето било забрането во 17ти век во Отоманската империја

Во 17-ти век, кафето било забрането во Отоманската империја и било казниво со смрт. Наводно, Султанот Мурад Четврти, сакал да шета по улиците преправен како обичен човек за да знае што се случува во неговата империја. Во тогашните кафеџилници наслушнал дека зборувале лошо за неговото владеење. Откако го слушнал тоа, наредил да се затворат сите кафеџилници под изговор дека ја засилува муслиманската забрана на токсични супстанции. Се претпоставува дека за време на рестрикцијата биле убиени илјадници непослушни кафе обожувачи.

8. Кафе без кофеин се добива преку хемиски процес

​Со метод на декофеинизација, зрната се изложени на пареа околу 30 минути со цел да ги отворат порите. Откако кафе зрната ќе станат способни да примаат растворувачи, тие се исплакнуваат непрекинато со метил хлорид или етил ацетат во тек од 10 часа со цел да се отстрани кофеинот. Но сепак имајте во предвид дека декофеинизираното кафе не е 100% без кофеин.

9. Кафето се одгледува во повеќе од 80 земји

​Кафето се одгледува во 80 земји, од кои што повеќето се околу екваторот. Тој појас уште е наречен – Кафе Појас. Како што напоменавме климата и одгледувачките услови мора да бидат погодни за да може кафето да се одгледува. Топ произведувачи на кафе се: Бразил, Колумбија, Индонезија и Етиопија.

10. Кафето има долг век

Едно кафе растение може да биде користено 20 години за комерцијални цели. Технички може да се користи и подолго, но квалитетот почнува да опаѓа после дваесеттата година.  Ако просечно дрво од кафе произведува помалку од 1 кг готов производ за конзумирање, тогаш 16 дрва кафе се потребни за да се задоволи просечната потрошувачка на еден човек кој што пие кафе. Диви видови на кафе се ретки. Најмногу може да се најдат во Етиопија каде што растат до 10 метри во височина. Повеќето од нашето кафе доаѓа од растенија кои се одгледувани на насади. Овие растенија достигнуваат максимум до 2 метри височина.

11. Видот на кафе може различно да влијае на вашиот дигестивен систем

Ако на некој од вас, кафето му влијае лошо на стомакот, најверојатно тоа кафе е Рoбуста тип. Овој тип на кафе содржи поголеми концентрации на кофеин што и најверојатно влијае лошо на вашиот дигестивен систем. Наместо Робуста, пробајте Арабика. Можеби тоа ќе помогне со дигестивните проблеми.

12. Постои бања од кафе

​Во Јапонија постои место каде што може да се бањате во вашиот омилен пијалок – кафе. Поради вулканската почва, Јапонија е земја каде што термалните бањи се многу чести. Во градот Хакон кој што се наоѓа близу Токио се наоѓаат термални бањи помешани со кофеин за уникатно искуство и поубава кожа. Покрај тоа што може да најдете кафе бања, исто така може да се бањате во вино или чај.

13. Најскапото кафе на светот се добива од измет на мачка

​Kopi-Luwak е најскапото кафе на светот. Доаѓа од Индонезија и е направено од зрна дигестирани од азијскиот тип на мачка. Со други зборови, доаѓа од изметот на мачката. Се продава за 350 евра за килограм кафе. Ако некој одлучи да проба, не ви советуваме. Кафето што се продава е произведено од азијски мачки кои што се чувани во ужасни, затворени услови.

14. Најголеми конзумирачи на кафе се Скандинавските земји

Иако на сите ни доаѓа на памет дека Америка би бил најголемиот потрошувач на кафе, сепак тоа не е точно ако споредиме со други држави. Кога се работи за внес на кафе по човек, Америка не влегува ни во топ 15 држави. Во графикот подолу може да воочите дека и Македонија се наоѓа во топ 21 земји.

Листа од најголемите конзумирачи на кафе во светот:

15. Може да се предозирате со кафе

Иако количината која што треба да ја испиете е огромна, сепак е возможно да се предозирате со кафе. Исто така може да дојде до халуцинации ако испиете повеќе од осум шољи кафе. Ако тежите околу 70 кг, потребни се 70 шољи кафе за да се предозирате. Секако количината може да варира од типот на кафе кое го преферирате и како е подготвено. Креаторот на YouTube каналот ASAPScience кажува дека не е ни физички возможно да испиете толку.

16. Кафето било многу важно во древната Арапска култура

​Во древната Арапска култура постоел само еден начин на кој што жената може да се разведе од сопругот – ако сопругот не обезбедувал доволно кафе. Тогаш кафето било толку важно при што се сметало како апсолутна потреба во земјата. Ако сопругот не успеел да обезбеди доволно кафе за жената, таа имала легална основа за да бара развод.

17. Кафето е всушност семка од плод

​Зрното кафе е семка од плодот на кафе растението и извор за кафето кое го конзумираме. Всушност, зрната доаѓаат од плод кој што може да биде црвен или виолетов и често се нарекува цреша (погледнете ја сликата). Исто како и обичните цреши, содржат семки во плодот. Иако кафе зрната се всушност семки, ти се нарекуваат зрна затоа што наликуваат на зрнестите плодови. Исто така интересно е да се напомене дека кафето всушност припаѓа во групата на овојше. Најдоброто овшје, нели? 🙂

18. Сеуште расте побарувачката за кафе

Глобалната побарувачка за кафе се очекува да достигне рекорд оваа година. Се проценува дека светската потрошувачка на кафе ќе се зголеми за 1.2% во текот на годинава. И покрај големата популарност, тоа сеуште освојува нови обожаватели, посебно во Кина, Јапонија и Индија. Заради зголемената потрошувачка, цената на кафето се очекува да започне да се зголемува, па земете си го својот дел додеке можете да си го дозволите!

Финални Мисли

​Би сакале да знаеме кој факт ве изненади најмногу, па оставете коментар да си помуабетиме 🙂

In Category: Кафе

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment