49 Интересни и Забавни Факти За Луѓето (Човекот е Полн Со Изненадувања)

Која е границата за нас луѓето? И покрај сите истражувања во светот сеуште имаме многу неодговорени прашања што сите сакаме да ги дознаеме. Сепак, од друга страна, постојат фасцинанти потврдени факти кои секогаш не импресионираат и секој ден учиме нешто ново за тоа како човековото тело функционира.

Решивме да направиме долга листа од 49 неверојатни и интересни факти за човекот, па погледнете самите:

1. Човекот има еден пар хромозоми помалку од шимпанзото, горилата и орангутанот.

2. Човечкиот хромозомот наречен хромозом 1 е најголем и содржи 10 милијарди атоми.

3. Човечкиот хромозом 1 е најголема молекула во природата.

4. Најновите истражувања покажале дека Апендиксот (слепото црево) за коj во последно време се претпоставува дека е некорисен и ја изгубил функцијата уште пред многу милиони години, всушност сепак тој има важна улога во правилното работење на дигестивниот систем.

5. Просечен човек има можеби над 7 октилиона атоми (1 октилион има 27 нули после бројот 1).

6. Шимпанзото и човекот имаат ист број влакна, само што кај човекот се мали и невидливи.

7. Секој атом на човековото тело е стар милијарди години, водородот на пример е стар 13,7 милијарди години, од настанувањето на биг-бенгот.

8. Коцка со големина на страни од 0,002 делови од сантиметарот би ги собрала сите атоми на човекот се разбира доколку исчезне просторот во кој се наоѓаат и тие колабираат.

9. Кога би ги преброиле клетките кај човекот со едноставна математика излегува дека 10 пати повеќе клетки се на бактериите отколку човечки.

10. ДНК на човекот освен наследен еволутивно човечки материјал содржи најмалку и други осум ретровируси.

11. За разлика од порано, кога се сметаше дека само 3% од ДНК имаат важна улога за животот и развојот на човекот, а остатокот нема, сега се смета дека и остатокот 97% од ДНК има еднакво важна улога.

12. Од вкупно 206 коски на човечкото тело, двете раце и двете стапала имаат 106 коски што е повеќе од половина од вкупниот број.

13. Околу 0,002 од луѓето (секој 500 –ти човек) освен нормалните 12 пара ребра имаат и тринаести пар екстра цервикално ребро кое понекогаш може да предизвика здравствени тешкотии (на пример болки во рамо или врат).

14. Анатомската основа на говорот на човекот ( а можеби и на неандерталецот) се претпоставува дека е една коска која не е поврана со други коски и е сместена во близина на тироидеата.

15. По потреба дигестивниот тракт сам создава заштитна слузава обвивка во стомакот.

  1. Човекот вдишува околу 20 илјади пати во текот на денот.

17. Крвните клетки го обиколуваат телото за околу една минута.

18. Дневно жените зборуваат 3-4 пати повеќе од мажите.

19. Просечно сме будни 67% во текот на животот.

20. За зборување се употребуваат 72 мускули.

21. Ноктите на прстите годишно растат за околу 4 сантиметри.

22. Просечно секој ден ни опаѓаат околу 70 влакна.

23. Пиеме околу 60000-65000 литри вода годишно.

24. Мозокот содржи 75% вода.

  1. Кога киваме воздухот достигнува брзина и над 100 километри на час.

26. Кога сме прејадени послабо слушаме.

27. Во текот на животот носот и ушите постојано растат, но очите остануваат исти.

28. Мозокот испраќа пораки до нервниот систем со брзина над 300 км/час.

29. Задникот е најголем мускул кај човекот.

30. Бедрото е најака коска во телото, појака и од челик.

31. Ако спирално завитканата ДНК на човекот се развитка ќе достигне неверојатна должина од 15 милијарди километри. Ова растојание светлината го минува за 320 светлосни минути. Тоа е 40 пати подолго време (растојание) отколку што и  е потребно на светлината да стигне од сонцето до земјата.

32. Клетките на мозокот не се обновуваат во текот на животот.

33. Она што го нарекуваме обична кивавица можат да ја предизвикаат преку двеста различни видови на вируси.

34. Млеко можат да пијат повеќе од 75% на возрасни луѓе кои потекнуваат од Западна Европа и само помалку од 35% луѓе кои потекнуваат од некои делови на Африка, источна и југоисточна Азија и Океанија. Причина е генот за лактоза што е всушност шеќер кој е многу присутен во млекото.

35. Наследноста на коефициентот на интелигенција од родителите кај децата пред адолесценцијата изнесува 45%, а во периодот на подоцна адолесценција под влијание на гените наследноста расте до 75% при што потоа уште се менува под влијание и на други фактори.

36. Нашиот јазик е уникатен како што се нашите отпечатоци на прстите.

37. Иако нашето око разликува преку 10 милиони бои мозокот може да процесира само одредени.

38. Срцето во просек отчукува околу 35 милиони пати за една година.

39. Секој ден губиме околу милион клетки од нашата кожа.

40. Во еден животен век јадеме околу 35 тони храна.

41. Ако се пресмета колку вкупно трепкаме во нашиот живот тоа ќе изнесува од прилика цели 5 години.

42. За смеењето ни требаат точно 17 мускули.

43. Кога плачеме пак, активираме 43 мускули.

44. Мозокот користи околу 20 проценти од вкупните калории и кислород што го внесуваме.

45. Секој човек мириса различно. Исклучок се само идентичните близнаци.

46. Оние што се поинтелигентни според науката сонуваат повеќе.

47. Жените трепкаат два пати повеќе од мажите.

48. Но мажите пак икаат два пати повеќе од жените.

49. Бебињата кога ќе се родат се далтонисти и гледаат само бело и црно.

Финални зборови

Честитки за најупорните кои ја прочитаа целата листа со најинтересните факти за човекот кои ги пронајдовме, за оние пак другите ви препорачуваме да погледнете уште еднаш кога ќе имате повеќе време.

На крајот, се надеваме дека научивте нешто ново и занимливо. Која точка најмногу ве изненади?

 

In Category: Занимливо

Даниела Алексова

Љубител на здравата исхрана, науката, книгата и кафето. Слободното време најчесто го поминува со своето куче Рекс.

Show 0 Comments
No comments yet. Be the first.

Leave a Comment